Наместо во изолација си заминале од земјава

Полициски службеници утврдиле дека вкупно осум лица од Гостивар и гостиварските села Чегране, Чајле, Мало Турчане и Велебрдо, иако имале решенија за изолација и домашно лекување, не ги почитувале решенијата и заминале надвор од земјата, соопшти СВР Тетово.



Вчера и завчера (18/19 август), исто така, било утврдено дека четири машки лица од Тетово на возраст од 28 до 54 години, со решенија за изолација ја напуштиле земјата. Против сите лица ќе бидат изготвени соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ согласно член 206 од Кривичниот законик.