Румен Радев денеска го врачи мандатот за соатав на влада на ГЕРБ, втората по големина партија вобугарското Националното собрание, но како што беше најавено, мандатотот веднаш беше вратен.



„ За жал, не гледаме можност тој да се реализира. Нашиот став е дека вториот мандат не е реализиран и да продолжиме со уставната процедура“ изјави Даниел Митов од ГЕРБ.

Првиот мандат за состав на влада беше вратен од партијата на Слави Трифонов „Има таков народ“ која победи на предвремените избори во јули.

Но со освоени 65 од 240 пратенички места, ИТН не доби поддршка за владиниот кабинет што го предложи.

Согласно Уставот, Радев денеска го додели мандатот на ГЕРБ на Бојко Борисов, но и тие рекоа дека не можат да состават влада бидејќи го немаат потребното мнозинство.

Се очекува, сега третиот мандат да биде доделен на Бугарската социјалистичка партија (БСП).