Јавното претпријатие за државни патишта купува струја од компанијата Енерџи деливери Солушнс (ЕДС) во итна набавка без објавен оглас. Вкупната цена на договорот е 613.515 евра со ДДВ (41,3 милилиони денари), а во договорот нема детали за причините за итноста, па и донесената одлука поради тоа, да не се објавува оглас туку струјата да се купи со преговарање со ЕДС, открива „Фактор“.
ЕДС е компанијата чиј поранешен сопственик е вицепремиерот Кочо Анѓушев. За оваа набавка, сепак позитивно се изјаснило и Бирото за јавни набавки.
Договорот кој е потпишан на 30 јули, беше објавен завчера и е за времетраење од пет месеци.
Во јули годинава Државниот завод за ревизија соопшти дека само од 1 март до 1 октомври лани дури 88 проценти од реализираните јавни набавки се спроведени со користење на постапката со преговарање без објавување на оглас, открива Фактор.







