Лазе до Спасовски: “На црно сум во своја куќа”

Во над 350 коментари на статусот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кои се уништувачки за Спасовски еден е посебно трогателен.



Извесен граѓанин Лазе одговара на тврдењето на Спасовски дека системот за лични карти бил добар.

“Не фалат обрасци за лични карти, системот е добар, само треба да се изгласа Законот за лични карти.

Не обвинувам, само ги повикувам тие што се платени од граѓаните да ја вршат работата, да го изгласаат Законот за лични карти, бидејќи овој проблем покренува многу проблеми во секојдневното функционирање и мора да бараме излезно решение за да граѓаните ги остварат своите права.

Апелирам секој еден одговорно да пристапи, член на Парламент, Влада или локална самоуправа, да им служи на граѓаните за да може да работиме”, порача Спасовски.

На тоа министерот покрај другите стотици коментари добива одговор од Лазе.

“Абе кумановски раздељак месец ипол сум на црно во своја куќа, земја, немам ќор документ лична карта, возачка, пасош а сликан на 14.07 ради тоа што си играте ку*ташак.
Ни кола можам да регистрирам, ни у банка да си платам па мора преку луѓе да терам како и се друго и да возам со ливчињата што ми се дадени како потврда”, му пишува Лазе на министерот Спасовски.

Сите коментари на овој линк

https://www.facebook.com/261903973987233/posts/1987704868073793/