Премиерот Зоран Заев во „Тема на денот“ на Сител телевизија откри дека Република Македонија може да прими над 1.800 бегалци од Авганистан.
“Нашите капацитети се во илјадници, односно 1.200, 1.800 луѓе, Албанија помеѓу 2.000-3000 луѓе. Ние сме со потврдени 450 луѓе, а во овие моменти додека разговараме потврдуваме нови 70 лица исто така миротворци и хуманитарци” , изјави вечерва Заев.
Иако првичната бројка од околу 180 се искачи на над 400 вечерва премиерот на владата откри дека во Република Македонија можат да бидат примени повеќе од 1.800 бегалци.






