Може да примиме и 1.800 луѓе од Авганистан, открива Заев

Во гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија премиерот Зоран Заев вечерва откри дека Република Македонија може да прими над 1.800 бегалци од Авганистан.



„Нашите капацитети се во илијадници, односно 1.200, 1.800 луѓе, Албанија помеѓу 2.000-3000 луѓе. Ние сме со потврдени 450 луѓе, а во овие моменти додека разговараме потврдуваме нови 70 лица исто така миротворци и хуманитарци, истакна вечерва Заев во гостување на Телма.

Првично се зборуваше за 200 па за 400-450 бегалци, а сега премиерот – кој претходно изјави дека сами се понудивме да примиме бегалци – сега зборува за 1.800 лица.