(Анализа) Талибанци, Србија и македонската улога на будала во конфликтот во Авганистан

Во текст со наслов: “Србија, Швајцарија, Македонија, Талибанци. Некој овде не е наш! Или како да направиш разлика меѓу талент и будала!”, новинарот на Алфа ТВ и емисијата Заспиј ако можеш прави анализа на улогите што во случајот со Авганистан ги добиле двете соседни и слични држави.



Спикерот на српскиот парламент Ивица Дачиќ открива дека Србија била домаќин на преговори меѓу Талибанците и поранешните авганистански власти. На барање на двете страни и со согласност на големите сили во Белград биле организирани повеќе средби, на кои Талибанците доаѓале директно од фронтот.

Кај еден биле дури пронајдени траги на експлозив на столицата каде што седел бидејќи човекот претходно пукал, па неистуширан и непресоблечен фатил авион да преговара во неутрална земја.

Ова значи дека Србија, и покрај сите проблеми што објективно ги има, можела успешно да ја преземе улогата на Швајцарија и да биде домаќин на состаноци кои имаат снажни последици за светот, а сето тоа со благонаклоност на САД, ЕУ, Русија, веројатно и Кина. И браво за Србија.

Каде сме во приказната ние? Па, без никој да не праша и побара ние се нудиме да примаме авганистански бегалци.

Ситен детал, премиерот прво рече дека сите трошоци за бегалците ќе ги сносат САД, ама потоа се премисли и откри дека и ние ќе плаќаме за сместување, лекување и вакцинирање на Авганистанците.

Словенија, од која беше побарано да прифати бегалци, се согласи на дури пет лица. Естонија на десет.

Ние како од шега прифаќаме 450 со можност за примање и повеќе. Каква е паралелата со Србија кога е во прашање дипломатската способност и знаење?

Србија добива углед и авторитет на земја на која светот може да се потпре, како во времето на титова Југославија, а Македонија добива улога на будала која без прашање се меша каде што не и е местото. Впрочем, како и за се останато.

Но добро, Ненад, Тричко, Избрканиот и Поликлинико аплаудираат на отворена сцена, па можеби ќе успеат да го покријат заглушувачкиот молк на гневните граѓани!

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10222636007161548&id=1613711024