Статуата поставена во Жена парк и спроти зградата на Собранието во Скопје, беше една од првите кои предизвикаа реакции на јавноста на засиленото пропагирање и барање „антички корени“ од страна режимот на Груевски, а првите протести против Скопје 2014 се одржаа уште во 2011 година.
Бугарски медиуми бомбастично јавуваат дека Македонија ја запира антиквизацијата и дека почнува демонтажата на спомениците, пренесувајќи дел од изјавата на министерот за култура, Роберт Алаѓозовски дека приоритет ќе им се даде на оние објекти кои што се најспорни, „за кои јавноста бара реакција од нас“.
Во јавноста, масовно исмејување предизвикало поставувањето на статуата на голиот Прометеј во Жена парк околу која веднаш била поставена висока ограда, за не да се навредуваат жените од голотија. Следниот ден Прометеј веќе доби гаќи, пишуваат споменатите медиуми кај источниот сосед.
Прометеј, полубог од грчката митологија кој на луѓето им го дал огнот поради што бил окован,, е еден од доказите за таканаречената антиквизација, која не е се вклопува во бугарската историската вистина за Македонија.
Граѓаните се потсмеваат и со спомениците и, на пример, споменикот на Александар за луѓето е само „Ацо”.
Бугарски научници и политичари отворено говорат за Република Македонија како коминтерновска творба создадена во 1945-та, за измислениот македонски народ и јазик и негираат било каква автохтона македонска историја пред Втората светска војна.
Македонците се насилно преобратени Бугари, јазикот кој е бугарски дијалект бил изменет под влијание на Белград, а барањето на било какви историски корени дури во антиката и повикувањето на Александар Македонски е глупост.
Договорот за добросеоседство потпишан помеѓу Македонија и Бугарија ден пред годишнината од Илинденското востание кое во Бугарија се нарекува „Преображенско“, предвидува, меѓу другото ревизија на историските читанки во кои би се исправиле некои историски непрецизности.
Демонтирањето на античките споменици е во ист правец, да се исфрлат спорните делови и измислената историја, но не е јасно дали Прометеј ќе биде целосно отстранет или ќе остане само без гаќи, како што беше излиен.




