Талибанците седнаа на богатство вредно 1.000 милијарди долари

Авганистан е една од најсиромашните земји во светот. Но, во 2010 година, американските воени претставници и геолози открија дека таа земја има наоѓалишта на минерали во вредност од речиси трилион долари, што може драматично да го промени нејзиниот економски изглед, пишува Си -Ен -Ен.



Авганистан поседува едно од најголемите резерви на литиум, основна компонента за батерии на полнење и на други технологии од витално значење за справување со климатската криза.

„Авганистан е секако област богата со традиционални скапоцени метали, но и метали потребни за претстојната економија на 21 -от век“, вели Род Шуновер, научник и експерт за безбедност кој ја основа Групата за еколошка иднина. Безбедносните предизвици, недостатокот на инфраструктура и тешките суши ја спречија експлоатација на највредните минерали во минатото. Тоа веројатно нема да се промени во скоро време, дури и под контрола на Талибанците.

Сепак, постои интерес од неколку земји, вклучувајќи ги Кина, Пакистан и Индија, и кои би можеле да се обидат да се вклучат. Се проценува дека во 2020 година, 90 проценти од Авганистанците живееле под нивото на сиромаштија од два долари дневно…пишува си-ен-ен.

Многу земји со слаба централна влада страдаат од она што е познато како „проклетство на ресурсите“, во кое обидите за експлоатација на природните ресурси не се во корист на локалното население и домашната економија.

Како и да е, откритијата за авганистанското минерално богатство, направени врз основа на претходните истражувања спроведени од Советскиот Сојуз, се ветувачки. Побарувачката за метали како литиум и кобалт, како и ретки елементи како неодимиум, расте бидејќи многу земји се обидуваат да се префрлат на електрични автомобили и други чисти технологии за да ги намалат емисиите на јаглерод.

Меѓународната агенција за енергија во мај соопшти дека глобалните залихи на литиум, бакар, никел, кобалт и други елементи мора нагло да се зголемат, во спротивно светот ќе пропадне во обид да се справи со климатската криза.

Три земји, Кина, Демократска Република Конго и Австралија, во моментов учествуваат со 75 проценти од глобалното производство на литиум, кобалт и ретки елементи.

Наводно, американската влада проценила дека резервите на литиум во Авганистан можат да се споредат со оние во Боливија, каде што се наоѓаат најголемите резерви во светот.

„Доколку Авганистан има мир неколку години, дозволувајќи развој на своите минерални суровини, би можел да стане една од најбогатите земји во областа во рок од десет години“, оцениле од Геолошкиот институт на САД за Science во 2010 година.

Тоа затишје не се случи и поголемиот дел од минералното богатство на Авганистан остана неискористено…