УЕФА го заврши подготвителниот, организацискиот дел и за 24 јануари закажа жрепка за новото репрезентативно натпреварување наречено Лига на нациите. Истото ќе се игра во време на термините за пријателски средби, но ќе има официјален карактер бидејќи 4-те најдобри селекции ќе се стекнат со право да настапат на завршницата на Европското првенство. Според шемата Македонија ќе биде во најслабата Д група со уште 15 селекции кои ќе бидат поделени во 4 подгрупи. Овој систем не ги спојува најдобрите со послабите, или тоа го прави само на крајот, но затоа на вторите меѓу кои сме и ние им дава дополнителна шанса да се најдат на некој следен Еврошампионат.




