Британски академик за грчката заблуда дека “Преспанскиот” ќе спречи турско влијание во Македонија

Британскиот академик, професор на престижниот универзитет Оксфорд Џејмс Петифер оценува дека е погрешна грчката проценка дека потпишувањето на Преспанскиот договор ќе го намали турското влијание во Македонија.



“Ова ја покажува заблудата во размислувањето на оние наивни Грци кои мислеа дека „договорот“ од Преспа ќе го намали влијанието на Анкара во Скопје”, пишува професорот кој објавува вест од грчки медиум за договорот за воена соработка меѓу Македонија и Турција.

Творецот на договорот од Преспа, екс министерот Коѕиас тврдеше дека со него се елиминира турското влијание во Македонија.

Петифер кој е одличен познавач на состојбите на Балканот важи за поддржувач на Македонија во научните дебати за зачувување на старото уставно име а бил и лобист за Косово и албанското прашање во Велика Британија.