Владата доби предлог за надминување на коронакризата од ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Комисијата за здравство на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Игор Гила Николов и предлага на владата да спроведе мерки за соочување со новиот бран од корона вирусот



“Предложивме: Да се проверат стоковите резерви, со кои и какви лекови располага државата, да се направи апдејт на листата на лекови кои се во рамки на стоковите резерви и итно да се набават сите оние лекови кои недостасуваа претходно (Xarelto, Fraxiparine, Clexane)”, објави лекарот кој се школувал во Франција.

“Додека трае бранот ФЗО да направи листа со сите лекови кои се потребни за лечење на Ковид, истите да подлежат на 100% рефундација, и истите да може да се набават во сите аптеки кои работат со ФЗОМ, (лекови чиј режим на пропишување е со лекарски рецепт претежно орални форми), додека за лекови кои се даваат во болнички услови и имаат таков режим на издавање (тоа се најмногу апмуларните форми), да се СТАВАТ ПРИВРЕМЕНО НА ПОЗИТИВНА ЛИСТА”, предлага првиот човек на комисијата за здравство во ВМРО-ДПМНЕ.

Николов истовремено предлага
ЛЕКОВИТЕ ОД ПРИВРЕМЕНАТА ПОЗИТИВНА ЛИСТА да може да се издаваат во аптека врз основа на извештај од лекар специјалист (инфектолог, анестезиолог и сите останати кои се вклучени во следење на пациентите кои се лекуваат дома).

На овој предлог Николов добива негативна реакција од упатен во состојбите кој тврди дека аптеките нема лесно да се откажат од својата заработка.

“Фраксипарин и Клексан се 220 денари односно 250. И да се стават на позитивна листа ќе бидат веднаш тргнати. 18 дена по 200-250 денари во државната каса за еден убод плус заработка на аптеката така да нема шанси овој ваш предлог”.