Во твитот на неделата овој пат е исповед на долгогодишен силен поддржувач на Зоран Заев и неговата влада за чиј вистински идентитет има повеќе варијанти.
Профилот Дарко Кежман кој е еден од најголемите апологети на власта на Твитер дава сценарио во кое СДСМ ќе заврши како авганистанските луѓе кои соочени со одмаздата на Талибаните бегаат од нивната земја.
“Најпосле СДСМ ќе заврши како авганистанците во Авганистан ..
американците им рекоа : “Доста ве браневме ние кога вие самите не сакате да помогнете и да се одбраните” ..
така и јас мислам за себе доста ве бранев СДСМ од разни латаси , златеви а вие сами не сакате да се браните”, пишува овој профил близок на СДСМ.
Најавувајќи ја црната судбина на партијата што ја брани “Кежман” во исто време индиректно го повикува Заев да се пресмета жестоко со опозицијата, нешто што не го направиле ниту авганистанските власти кон Талибанците додека ја имаа поддршката од САД.
најпосле СДСМ ќе заврши како авганистанците во Авганистан ..
американците им рекоа : " доста ве браневме ние кога вие самите не сакате да помогнете и да се одбраните " ..
така и јас мислам за себе доста ве бранев СДСМ од разни латаси , златеви а вие сами не сакате да се браните— Darko Kezhman (@kezhmanprvi) August 17, 2021





