Во моменти кога во Македонија во магацините на фирмите за производство на марихуана лежат најмалку десетици тони цвет од марихуана непозната македонска компанија увезува огромна количина на марихуана од Африка која е вредна 85 милиони евра.
Увозот се случува откако владата со Европско знаменце го предложи законот за извоз на цветот на марихуаната кој сега е забранет за увоз.
Тој што увезува е убеден дека наскоро законот за опојни дроги ќе биде сигурно донесен по што марихуаната ќе може да се извезува или марихуаната и со тоа ќе заработи милиони.
Другата можност е да се оствари најавата на Заев марихуаната да биде достапна за купување од граѓаните легално во одредени туристички локации и канабисот од Лесото да се продава низ Македонија што ќе донесе стотици милиони профит за компаниите.

Хајлендс инвестментс, лиценцирана компанија за производство на висококвалитетен канабис склучила договор за извоз на 8,5 тони сув цвет од медицински ТХЦ и ЦБД канабис. Вредноста на оваа пратка е 85 милиони долари.
“Во април годинава успешно извезовме 176,5 килограми сув цвет во Европа” , соопшти компанијата.
Засега нема информација за тоа кој е увозникот.
„Веруваме дека ова е една од најголемите испораки на медицински канабис и ова е значајна пресвртница за нашиот бизнис. Откако ја докажавме нашата способност да ги исполниме строгите барања за испорака со нашата априлска пратка, успешно ја обезбедивме големата продажба на остатокот од нашата жетва во 2021 година, која опфаќа нешто повеќе од 2.000 килограми ТХЦ и 6.500 килограми ЦБД сув цвет. За оваа пратка изнајмен е авион за транспорт до Македонија“, вели извршниот директор на Хајлендс инвестментс Марк Корбет.
Испораката на канабис е многу сложен процес бидејќи индустријата е внимателно следена и регулирана. И снабдувачот и примачот на производи од канабис треба да бидат лиценцирани. Превозните компании, исто така, бараат строго лиценцирање за преместување на суровини и материјали од канабис од држава во држава, пишува Канабислорипорт.






