Властите на Македонија прогласија дипломат за „персона нон грата“ во Руската амбасада во Скопје. Овој пат зборуваме за вработен кој го завршил своето службено патување уште пред да биде објавена одлуката во јавноста, се вели во официјалната реакција на Русија во врска со протерувањето на руски офицер од Скопје.
“За жал, северномакедонската администрација продолжува да се движи по патот на конфронтација, не обрнувајќи внимание на фактот дека таквите чекори се штетни за билатералните односи.
Се разбира, ќе бидеме принудени соодветно да одговориме на овие немотивирани непријателски постапки”, стои бо руското соопштение.
Поврзана вест
Смрт по умирачка
Владата протерала руски дипломат и офицер кој веќе заминал од Македонија






