Абраши: „Населување Авганистанци е погрешно – најдете друга локација!“

„Артан Абраши, пратеникот од најголемата политичка парламентарна партија на Косово Движењето ‘Самоопределување“, чиј што претседател Албин Курти е и премиер на Косово, рече дека ‘сместувањето на авганистанските бегалци  во Призрен е погрешна идеја и оти за нив треба да се најде друга локација.“ – објави косовскиот весник на албански јазик „Бота сот“ во информацијата под наслов „Абраши против населувањето авганистански бегалци во Призрен – бара друга локација“.



Весникот го цитира Абраши „Бегалците од Авганистан се добредојдени како и секоја прогонет народ, но, нивното сместување во поранешниот германски камп во Призрен, во Косово, е погрешна идеја.“

Бота сот“ натаму пишува: „Абраши во објавата на фејсбук рече дека поранешниот германски камп во Призрен веќе е наменет како Центар за иновации и обука и оти концентрацијата на голем број луѓе таму нема да обезбеди добри услови за бегалците.“

„Изолацијата ќе стане неизбежна и ова не е хумано. Да се ​​разгледа друга локација“, напиша Абраши на фејсбук.“ – пренесе „Бота сот“.

По спротивставувањето на пензионираниот полковник на албанската армија Дилавер Гоџај лица што бегаат од Авганистан да се примаат во Косово и во Албанија, ова е втор случај и тоа од член на владејачката партија „Самоопределување“ на Косово на дискретен начин да се искаже несогласување со прифаќањето Авганистанци – бегалци.