Додека САД продолжуваат со повлекувањето од главниот град на Авганистан, социјалните медиуми се преплавени со слики од хеликоптер што ги евакуира луѓето од американската амбасада во Кабул.



За некои ова е позната слика: Во 1975 година, фотографот Хулберт ван Ес сними антологиска фотографија на луѓе што се обидуваат да влчезат во американски хеликоптер на покривот на американска амбасада во Сајгон, на крајот на Виетнамската војна, пишува Би-би-си.

Аналитичарите и американските пратеници – и републиканци и демократи – го споредуваат таканаречениот пад на Сајгон со преземањето на Кабул од страна на талибанците.

И виетнамската војна, која беше конфликт помеѓу комунистичката влада во Северен Виетнам и Јужен Виетнам и нејзиниот главен сојузник, САД – траеше 20 години.

Сајгон беше преземен од Виетнамците на 30 април 1975 година.

Фотографија од 1975 година: луѓе се обидуваат да се качат на хеликоптер на покривот на станицата на ЦИА во Сајгон

Америка ја повлече својата војска од Јужен Виетнам во 1973 година, а две години подоцна земјата објави дека се предава откако северните сили го зазеле Сајгон – подоцна го преименувале во град Хо Ши Мин, по покојниот лидер на Северен исе га веќе обединет Виетнам.

Како и Кабул, заземањето на градот дојде многу побрзо отколку што очекуваа САД. Како одговор, САД ја напуштија својата амбасада во Сајгон и евакуираа над 7.000 американски државјани, јужновиетнамски и други странски државјани со хеликоптер.

Виетнамската војна стананепопуларна во САД и не чинеше само милијарди долари, туку и над 58.000 американски животи.

За некои, падот на Сајгон беше удар за позицијата на Америка на светската сцена.

Во децениите потоа, се појави терминот Виетнамски синдром – означувајќи неподготвеност на американските гласачи да поддржат воена интервенција во странство.

„Ова е Сајгон на eо Бајден“, твитна Елис Стефаник, републикански претставник во американскиот Конгрес.

Падот на Сајгон се случи две години откако американските сили беа повлечени од Виетнам.

Евакуацијата на Америка од Кабул, во меѓувреме, се случува додека САД веќе се подготвуваа да го напуштат Авганистан.