Владата се освести: Ќе се бараат сертификати за влез во земјава

Комисијата за заразни болести ќе ѝ предложи на Владата за влез и излез од земјава, и за граѓани на Македонија како и за сите други земји, да се бара или потврда за примена вакцина против ковид-19, или негативен ПЦР тест или потврда за прележана болест но само во првите 45 дена сметајќи од денот на оздравувањеро, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче..



Министерот најави дека Владата утре ќе одлучува за овој предлог, како и за тоа од кога би важела оваа мерка.

Министерството за здравство вчера најави дека ќе се разговара за дополнителни локални рестрикции за Тетово, каде има силен наплив на болни во болниците, но Филипче денес кажа дека засега нема нови мерки. Комисијата и оваа недела ќе ја следи ситуацијата, а се размислува да се ограничи работното време на локалите и да се редуцираат местата во јавниот превоз.