Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски реагира на најавата на премиерот дека Авганистанци ќе бидат сместени во македонските хотели и одморалишта.
“Зоран Заев не е способен да обезбеди грижа и заштита за нашите граѓани, не пак тоа да го прави за граѓани од трети земји.
Македонија е една од најсиромашните земји во Европа, во ваква една ситуација, добро е да видиме пример на солидарност од побогатите земји од нашата Македонија, со пример да покажат вредности, да прифатат бегалци од Авганистан, а не со тапкање по рамо. После да размислуваме дали и кој ќе го плати…, инаку да потсетам и ова нели беше во главата на вмровците!”, се вели
во реакцијата на Мицкоски откако вчера Медлин Олбрајт откри дека Македонија и само три други земји, Косово, Албанија и Канада ќе прифатат бегалци од Авганистан.





