Грaѓаните кои од денеска ќе бидат затекнати во објект или на настан без сертификат за примена вакцина против ковид-19 ќе платат казна од 250 евра.



На влезовите на угостителските објекти од денеска ќе има редари кои, доколку има повеќе од 30 присутни лица во локалот, ќе проверуваат дали гостите имаат примено барем една доза од вакцината при што треба да се приложи потврда за имунизација, односно сертификат.

Казната за угостителскиот објект се движи од 2.500 евра до 30 илјади евра, во зависност од големината на објектот, плус 1.500 евра за одговорното лице.

Со дополнувањето на рестриктивните мерки, во угостителските објкети ќе може да влезат и прележани од Ковид -19.

„Овие лица доволно е да поседуваат медицинска потврда дека биле заболени од Ковид -19, но само првите 45 дена, сметајќи од денот кога оздравеле. По завршувањето на овие 45 дена, од прележувањето, и за овие граѓани ќе важи дека за влез во објекти треба да приложат серитификат за вакцинација, односно потврда за примена барем прва доза вакцина“, изјави Венко Филипче.