Покрај Македонија само уште 3 земји понудиле прифат на авганистански бегалци

Поранешната американска државна секретарка Медлин Олбрајт во чие време беше бомбардирана Србија попладнево потврди дека Македонија ќе прими засега непознат број Авганистанци во своите сместувачки капацитети.



“Мора да се фокусираме на спасување животи во Авганистан. Додека САД работат на евакуација на лицата со посебен ризик од Талибанците, јас сум благодарна на Албанија, Канада, Косово и s. Македонија што им понудија засолниште на авганистанските сојузници, жените и лидерите на граѓанското општество. Се надевам и очекувам да ги следат и другите”, напиша Олбрајт во јавната благодарност за четирите земји кои прифатиле бегалци од Авганистан кои можат да бидат прогонети од талибанскиот режим а чија крајна дестинација ако добијат виза е САД.

Предходно Заев објави дека Македонија ги понудила своите хотели и одморалишта

Заев понудил прифаќање на Авганистанци во македонските хотели и сместувачки капацитети