Здравствените власти утре ќе разговараат за воведување дополнителни локални мерки во Тетово, по големиот наплив на пациенти со ковид-19 во Тетовската болница, соопшти Министерството за здравство, дознава порталот СакамдаКажам.
Од пред два дена пациенти се сместуваат и во болницата во с. Лешок, а доколку е потрбно пациенти ќе бидат сместувани и во други болници во близина или во Скопје.
Во текот на утрешниот ден ќе се донесе одлука дали и колку дополнителен кадар кој во најкус рок ќе биде распореден.
Тетово е на второ место во државава по број на активни болни од ковид-19, со 1.079, по Скопје со 1.677, според вчерашните податоци од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Вкупно во земјава активни се 5.043 ковид болни. И вчера и завчера беа регистрирани по два смртни случаи од Тетово.
Министерот Венко Филипче минатата недела предупреди дека „свадбите во Тетово мора да запрат„ за неколку часови подоцна, за мерката рече дека ќе важи за целата држава.






