По викендот во кој Вардар победи, а Металург загуби ЕХФ го направи изборот на најдобрите потези во првото коло од групната фаза. Во него ние сме застапени со двајца: Тимур Дибиров чиј погодок против Висла се најде на втората позиција на најубавите голови и Борко Ристовски чија одбрана во дуелот на неговата Барселона и Рајн Некар е на петтата позиција. Во следното второ коло не очекуваат дуели во Скопје. Црвено црните в сабота го дочекуваат француски Нант за кој потсетуваме игра и Кире Лазаров, а сините в недела имаат меч со турскиот Бешикташ.





