Јас на улица се чувствувам како херој. Мене граѓани ми пријдуваат секојдневно. Синоќа пет – шест луѓе дојдоа да се сликаат со мене. Оставете ги социјалните мрежи, изјави Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи при гостувањето во емисијата Стадион на радио Канал 77. Вели дека успешно се справил со пожарите во земјава.
„Јас на улица се чувствувам како херој. Мене граѓани ми пријдуваат секојдневно. Синоќа пет – шест луѓе дојдоа да се сликаат со мене. Оставете ги социјалните мрежи. Каде се овие луѓе кога одам по улица да ми пристапи и да ми каже дека нешто е погрешно, дециден е Ангелов.







