Талибанците доаѓаат! Странци панично се евакуираат од Авганистан

Taliban fighters patrol the streets in Herat on August 14, 2021. (Photo by - / AFP)

Без борба талибанците утрово го зазедоа источниот авганистански град Џалалабад, последниот голем град во Авганистан, покрај Кабул, што остана под контрола на централната влада.



Тие нвлегуваат и во Кабул од сите страни, изјави авганистанскиот министер за внатрешни работи.

Моментално се слушаат истрели, јавуваат медиумите.

Раководството на Талибанците соопшти дека не планира на сила да го заземе Кабул и им нареди на борците да се воздржат од насилство во Кабул, да овозможат безбедна евакуација на оние што сакаат да го напуштат главниот град и да ги принудат жените да се засолнат во заштитените подрачја.

Почна евакуацијата на дипломатите од американската Амбасада во Кабул. Евакуацијата на повеќето американски дипломати се очекуваше да почне денеска, бидејќи талибанците продолжуваат да напредуваат и ќе бидат пред Кабул во наредните денови.

Во меѓувреме и огромен број Авганистанци и странски државјани панчно бегаат од земјата обидувајќи се да се спасат преку последните преостанати комерцијални летови од земјата. особено во паника се Авганистанците кои работели за американската амбасада или за компатни и од САД.

Маринците кои ги испрати претседателот Бајден ќе ги извлекуваат и овие луѓе.

Македонското МНР вчера итно заседаваше како да им се помогне на македонски државјани кои се сеуште во Авганистан.