Горан Драгиќ ги преводеше Словенците до триумф од 93-85 и до првата титула на Европските првенства во нивната историја. Како што беа и во минатите нешто повеќе од две недела, а најлесниот опис е беспрекорни, за што ќе потврдат и вкупните 9-0, „Змајчеки“ беа и во финалето против Србија во кое водеа практично цело време, а на паузата тоа изнесуваше 56-47. Тоа се случи по една од најблескавите индивидуални четвртини во аналите на играта на стариот континент во која Горан Драгиќ постигна 22 поена. НБА плејот го заврши финалето со 35 , а на спротивната страна Богдановиќ имаше 22. Црна дамка на завршницата е повредата на најталентираниот светски играч Дончиќ. Се на се. Супер финале, на супер интересниот шампионат во кој Словенија слави по триумфот над Србија од 93-85.



Инаку во предигра на финалето, во борбата за третото место на истата локација Шпанија ја совлада Русија со 93-85 и го освои третото место.