Пратеникот Бране Петрушевски му поставува јавно прашање на министерот за здравство Венко Филипче околу неспоменување на родниот град на премиерот Струмица како главна локација каде има огромен раст на новозаболени од Ковид-19.
“Денес Филипче го спомена Куманово, но (не)свесно ја изостави Струмица од градовите со голем број новодијагностицирани.
Куманово, неделен раст: 116%
Струмица, неделен раст: 495%
Дали Филипче свесно ја штити познатата струмичка дискотека, на близок на семејството Заеви, која е актуелна по многуте масовно посетени концерти на пеачи од соседството?
До кога власта ќе го дели народот и за едни ќе е мајка, а за други маќеа?”, прашува Петрушевски.
Филипче не одговори на прашањето во текот на денот.
Денес Филипче го спомена Куманово, но (не)свесно ја изостави Струмица од градовите со голем број новодијагностицирани.
Куманово, неделен раст: 116%
Струмица, неделен раст: 495% pic.twitter.com/hBkpHHrAyo— Бране Петрушевски (@belichMacedonia) August 14, 2021






