На местото каде што вчера попладне изби силен пожар во Дебарско биле пронајдени и приведени 8 лица информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
“На 13.08.2021 година околу 17 часот, во ОВР Дебар, пријавен е пожар во атарот на дебарското село Горно Мелничани. По излегување на местото, од страна на полициски службеници биле затекнати и лишени од слобода осум лица (шест од Куманово и две од Република Албанија). По консултација со Јавен обвинител од ОЈО Дебар, тие се задржани во полициска станица, а службен разговор е извршен со уште едно лице од селото Броштица. По документирање и на овој случај ќе биде поднесен соодветен поднесок”, се вели во информацијата на Димовски кој открива уште еден случај на подметнување на пожар во дњбарскиот регион.
“Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „предизвикување шумски пожар“(член 227 од Кзривичниот Законик), ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Б.М.(60) од Дебар. Тој, на 08.08.2021 година околу 18 часот, во нива-меѓа лоцирана во атарот на дебарското село Бомово, подметнал пожар во нива со нискостеблеста шума во површина од околу 100 м2”, се вели во информацијата на СВР Охрид.






