Врз вицепремиерот за Евроинтеграции била извршена сложена хируршка интервенција од страна на лекарски тим на скопскиот клинички центар.
Интервенцијата се случила откако Димитров се здобил со тешка повреда на рамото.
“Огромна благодарност до хирурзите, анестезиолозите, медицинските сестри, болничарите и целиот прекрасен и посветен тим на ортопедија, ургентен, траума и карил (Тоарилуц) што се погрижија скршеницата на моето рамо да биде само една голема лекција за во иднина.
48 години сепак не биле исто што и 20”, напиша вицепремиерот на социјалните мрежи.






