Фамилијата Заеви која е меѓу главните играчи во бизнисот со марихуана во Македонија наскоро ќе можат да продаваат цвет од марихуана низ регионот и светот.
Според предлогот на законот за опојни дроги кој во Собранието стигнало попладнево пред крај на работното време додека пратениците и дел од министрите се на одмор, власта ставила таканаречено Европско знаменце на контроверзниот закон со кој дел од фамилијата Заеви ќе може да заработи десетици милиони евра.
Во самиот закон јасно пишува дека ЕУ нема заедничка регулатива за оваа проблематика и со тоа власта не смее да стави Европско знаменце но законот сепак во Собранието дошло со симболот кој на власта ќе и овозможи тој да мине со скратена постапка.
Со Европско знаменце дискусијата за законот може да трае само три дена со што опозицијата нема да може да го блокира донесувањето на контроверзниот закон.
Сомнителна активност на владиното мнозинство во парламентот во “глуво доба”
Среде лето во петок во 16 часот пратениците затрупани со контроверзни и важни закони






