МВР на нозе, Алфите подготвени, ОБСЕ збунето, Скопје подготвено за новинарска пресметка

Во МВР се размислува како да се интервенира за време на утрешната физичка пресметка која што преку социјалните медиуми ја најавија видни македонски новинари.



Министерството законски не може да ја забрани блиската средба меѓу Бранко Геровски, уредник на весникот Слободен Печат и порталот Плусинфо со некогашниот новинар Тодор Пендаров кои што според најавите треба физички да се соочат утре на пладне пред кафулето Манда на некогашниот пливачки ас Александар Маниќ – Манда.

Планерите во МВР се збунети од најавата на тепачката затоа што законот и уставот не им дозволува да спречат јавно собирање ниту пак можат на тројцата инволвирани да им забранат да се сретнат.

Единствената опција што им е оставена на располагање е да испратат екипи од униформирани полицајци или од единицата Алфа кои што ќе бидат во непосредна близина на средбата и ќе можат да интервенираат доколку дојде до нарушување на јавниот ред и мир.

Најавата за тепачка дојде по преписката меѓу Геровски и Пендаров во која покрај другите разменети навреди вториот споменал дека сопругата на уредникот на Слободен Печат била дел проектот Фабрика во кој во времето на Бучковски активни новинари по работното време во своите редакции работеа за владата подготвувајќи прашања и одговори за актуелни теми.

Откако Геровски во преписката го обвини и Љупчо Палевски како инспиратор на говор на омраза кон него, некогашниот претседател на скопскиот СДСМ а сега предмет на истрага на СЈО, најави дека ќе преземе физички активности против Геровски.

Во една од преписките на Фејсбук Геровски индиректно им се закани на Палевски и на групата новинари кои со години се собираат во кафето Манда со зборовите ” МАМИЧЕТО МАМИНО ЌЕ ИМ ГО РАСПЛАЧАМ на тоа Баграта во Манда ……..”

Во општиот сеир за тепачката меѓу новинарите,  сопственикот на кафулето Манда преку фејсбук најавата за тепачка ја спореди со филмскиот серијал „Роки“ и им испрати иронична порака на сите инволвирани.

https://www.facebook.com/goran.g.gjurovski/videos/10213821770842180/