Во изминатите дваесетина дена изгореле приближно 10.000 хектари шума, шумско земјиште, земјоделски површини и пасишта. Најмногу горела борова шума стара до 70 години
Премиерот Зоран Заев преку својот фејсбук-профил порача: Голема е загубата во делот на шумите, но во брзо време ќе ги возобновиме. Важно е дека се заштитени луѓето, куќите, шталите и имотите на граѓаните
Штетата од низата пожари ќе почне да се утврдува од понеделник, дознава „Слободен печат“.






