Истече рокот за пријавување попишувачи, ќе има ли доволно!?

Јавниот конкурс за ангажирање реонски попишувачи и инструктори за претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите завршува денеска. Конкурсот беше отворен на 20 јули и првично требаше да трае до 5 август, но поради летните одмори беше продолжен до 12 август.



Пописот 2021 треба да се спроведе од 5 до 30 септември.

ДЗС бараше 5.055 реонски попишувачи и 508 реонски инструктори за 50-те пописни реони.

Државниот завод за статистика ги повика сите заинтересирани да се пријават на електронската апликација на следните линкови: www.stat.gov.mk  и https://popis2021.stat.gov.mk

Заинтересираните кандидати кои ќе достават електронска пријава, потребните документи ги доставуваат исклучиво во хартиена форма по пошта до Државниот завод за статистика, ул. „Даме Груев“ бр.4 во Скопје, п.фах 506, најдоцна до 16 август 2021 година или на денот на закажаното тестирање во просториите каде што ќе се спроведе тестирањето.