Партијата на шоуменот Трифонов не направи влада – но нема да поддржи друга

Партијата „Има таков народ“, победничка на предвремените парламентарни избори на 11 јули, не успеа да состави влада, откако не доби безусловна поддршка за предложениот кабинет од таканаречените „протестни партии“ , а со намера да ја маргинализираат ГЕРБ на екс-премиерот во три мандати, Бојко Борисов.



Денеска ИТН предизвика и правен хаос откако ја напуштија седницата на која требаше да се гласа за нивнит предлог за владин кабинет на чело со пламен Николов.

Според бугаарскиот устав, следна партија на која претседателот Румен Радев треба да ѝ го додели мандатот за состав на нова влада е второпласираната ГЕРБ, но лидерот Бојко Борисов дека ќе го прифатат и вњеднаш ќе го вратат мандатот.

Се чини, Радев мандатот ќе мора, согласно Уставот, да ги додели на бугарските социјалисти (БСП) со мали изгледи дека земјата ќе добие влада и нем ада мора да оди на трети избори..

„Сигурно ќе има трет мандат, како што е според Уставот, но ИТН нема да го поддржи“, изјави Филип Станев од „Има таков народ“, објави БГНЕС.

„Ако се случи оваа опција, ќе биде без нас“, рече Станев, мислејќи на евентуално учество на ИТН во идната влада.

На прашањето дали целчта на „Има таков народ“ била да бидат опозиција, Станев со одговор: „Сакавме да имаме кабинет“.

Недоразбирањето на партијата на ТРифонов која бараше безусловна поддршка на влада што токму тие ќе ја предложат и без коалициони математики, за експерти е знак деканови избори – ќе има.

Анкети покажуваат дека во моментов ГЕРБ на Борисов е во мала предност пред ИТН, но од партијата на ТРифонов очекуваат на новите избори да добијат поголема поддршка која ќе им донесе повеќе од 65 пратеници во 240-члениот парламент…