Министерот за надворешни работи Бујар Османи ги прокоментира последните случувања околу формирање влада во Софија, која, според него, е потребна за надминување на разликите и деблокада на евроитеграциите.
„За жал не се охрабрувачки вестите коишто доаѓаат од Бугарирја во делот на формирање на институциите, бидејќи како што често нагласувам очигледно тоа се покажа како важен фактор во изнаоѓање на решение за надминување на разликите коишто се причина за оваа непринципиелна блокада на нашата европска перспектива.
Ние бевме во очекување дека овој втор обид ќе има инститиции за да можеме во тој политички дел да комуницираме и да изнаоѓаме решение. Меѓутоа независно од тоа комуникацијата помеѓу двете МНР-а продолжија и во изминатиот период, имаше директна комуникација на експерти од двете министерства коишто разговараа по однос на прашањата коишто беа отворени на последниот состанок во Софија и презентирани како можност за утврдување на патоказ за надминување на разликите.
Се разбира тоа е колку да се одржи една комуникација на ниво на МНР за да не се создаде јаз којшто потоа потешко ќе може да се исполни, но очигледно дека потребно е формирање на политичка влада, политички институции за да може да се најде решение“, рече Османи на новинарско прашање.






