Ова денеска го потврди првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.
Настанот сепак ќе биде свечено одбележан на прослава во хотел каде се предвидени да присуствуваат околу 200 луѓе.
Откажувањето следува по бурните реакции за одржувањето на прославите поради зголемувањето на бројот на заболени, а во време кога се носат мерки за заштита и нови ограничувања.
Груби вели дека реакциите се масовна хистерија која не ја разбира. Концертот требаше да биде вечерта на 13 август.






