Портпароли гради в гради: Што си кревал рака во вторник?

Портпаролите на Град Скопје и на ВМРО-ДПМНЕ ги спротивставија аргументира зошто не функционира системот за гасење пожари низ Македонија.



Портпаролот на град Скопје и на градоначалникот Пере Шилегов сакаше да каже дека виновно е ВМРО-ДПМНЕ.

“Чисто илустративно. Ако едно противпожарно возило чини околу 200.000 евра, денес Скопје наместо 3 врби на реката Вардар ќе имаше едно противпожарно возило плус, или поточно наместо 2 лава на мостот Гоце Делчев, денес Скопје ќе имаше 6 противпожарни возила плус. До приоритетите е!”, напиша Салиху.

На ова тврдење 4 години откако Шилегов е градоначалник а Салиху портпарол одговори Наум Стоилковски кој го прифати предизвикот.

“Јер клисарот на Шилеговача сака да се мери, тогаш ајде:

Valon Salihu еве и да купеше ВМРО-ДПМНЕ наместо врби возила за #Скопје , сигурен сум немаше сега да бидат сервисирани и регистрирани.

А ти, наместо да глумиш #Стојанче мавајќи се сам со плочки по глава, ќе кажеш ли колку возила се изгубија со продажбата кај #Треска, или јас да бројам?

Па кажи колку загуби градот од наплата на данок од таа “трансакција”?

Па кажи зошто #Петре не е тука да го координира ЗЕЛС во време на #КризнаСостојба?

И после кажи колку плаќа во Хрватска за одмор додека гори #Македонија?

Срамота е што вас ни за суви врби не ве бива! Вардар не ве пере!

Место да продолжиш да молчиш и да се криеш, сам си дигал рака. А вторник е, пазарен ден.

Види вака Ваљон, почни со одговори, затоа што јас сега нема да застанам со прашања, споредби и пресметки.

Со почит кон Скопје и вистината што ја заслужува”, напиша Стоилковски кој ги користи хаштазите:
#оставки #одговорност #дезертери

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10159180182175499&id=542940498