Откако талибанските милитанти го зазедоа шестиот главен град на провинцијата на 9 август, заедно со граничните градови и трговските патишта, САД порачаа дека авганистанските безбедносни сили треба сами даси ја бранат земјата.
Претседателот Џо Бајден изјави дека американската воена мисија во Авганистан ќе заврши на 31 август, тврдејќи дека авганистанскиот народ мора да одлучи за својата иднина и нема да испрати втора генерација Американци во 20-годишна војна, јави Ројтерс.
Американскиот пратеник во Авганистан Залмај Калилзад отпатува за Катар каде што ќе се обиде да „изврши притисок врз Талибанците да ја прекинат воената офанзива и да преговараат за политичко решение“, објави Стејт департментот вчера.
Талибанците, кои се борат за повторно воспоставување на строгиот исламски закон, откако беа соборени во 2001 година, ја зголемија кампањата за пораз на владата по повлекувањето на странските сили и сериозно напредуваат во освојувањето на стратешки позиции во последните десетина дена.







