Поради енормно зголемената потрошувачка на водата за пиење има сериозни проблеми при водоснабдувањето во одредени делови од Скопје.
Резервоарите за вода во Радишани и во Гази Баба, поради преголемата потрошувачка, не можат да се наполнат и да го постигнат својот капацитет за работа, соопшти Јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
Претпријатието апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури, а особено да избегнуваат непотребно трошење на водата за полевање бавчи и ниви.







