Албанскиот претседател Илир Мета им додели Национален медал на честа на косовските олимпијките Дистриа Красниќи и Нора Ѓакова за нивните достигнувања на Олимпијадата во Токио.
Дистриа Красниќи и Нора Ѓакова, освоија златни медали.
Мета му додели Национален медал на честа и на Дритон Кука, кој беше тренер на џудистките.
Ова беше второто учество на Косово на Олимпијада по Рио 2016.







