Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис се извини „за сите слабости“ во гаснењето на пожарите и вети дека сите пропусти ќе бидат идентификувани и одговорност ќе има.
„Степенот на катастрофата, особено во Евија и во Атика, создава болка во срцата на сите нас. И јас, прво, се извинувам за сите постоечки слабости “, рече тој во телевизиска порака, истакнувајќи дека првиот приоритет е„ спасување животи “, пренесе „Катимерини“.
Тој рече дека биле организирани 63 евакуации во изминатите неколку дена, а дека имало дури 586 пожари низ целата земја, кои се прошируваа поради топлотен бран.
„Целосно ја разбирам болката на нашите сограѓани кои гледаа како нивните домови или имот горат“, рече тој во телевизиска порака.
„Очигледно е дека климатските промени влијаат на целата планета.
Тоа е објаснувањето, но не изговор, или алиби. Можеби направивме се’ што беше човечки можно, но во многу случаи се чини дека ова не беше доволно во нерамноправната битка со природата “, додаде тој.
Мицотакис најави 500 милиони евра непосредна поддршка за Евија.






