Жената за која се тврди дека изгорела во пожар во Старо Нагоричане се уште не е пронајдена

Се уште не е пронајдена жената за која се тврдеше дека изгорела во пожар во Старо Нагоричане велат денеска од ЦУК.



– Се уште не. Немаме одговор дали жената е побегната и каде се наоѓа. Ќе почекаме истрагата да го каже последниот збор. Тоа е засега единствената потенцијална жртва. Ние изразуваме сочувство до сопругот и до семејството на жената доколку е почината. Но, некако одвнатре се надеваме дека е жива и дека успеала да побегне од огнената стихија, рече Ангелов, одговарајќи на новинарско прашање дали е жената пронајдена велат Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи.