Трифонов: Ќе се израдуваат ГЕРБ и Борисов ако не се изгласа влада на ИТН

Лидерот на партијата „Има таков народ“ Слави Трифонов, преку Фејсбук апелираше бугарското собрание да ја изгласа предоложената влада од оваа партија, зашто во спротивно тоа ќе биде „радост за ГЕРБ и партиите за статускво партиите.



Познаиот шумен кој одбра на бугарската јавност да ѝ се обраќа само преку Фејсбук (?) наведе шест причини за поддршка на владата предложена од победничката ИТН ан предвремените избори што се одржаа на 11 јули.

Ако „протестните партии“ (кои се спротивставуваа на владеењето на ГЕРБ и на премиерот во три мандати, Борисов) не гласаат за владата на „Има таков народ“, резултатот ќе биде суспендирање и одложување на сите реформи, предавство од протестните партии и – нови избори предупреди Трифонов. News.bg