Во Хрватска престојуваат 1.055.000 туристи, од кои 886.000 странски и 169.000 домашни, објави хрватското Министерство за туризам и спорт.



Најбројни странски туристи се Германците, од кои во моментов има 257.000 , Словенци (125.000), Полјаци (81.000) и Австријците (68.000), објави Хина.

Од почетокот на годината во Хрватска се регистрирани 7,4 милиони пристигнувања и 44,5 милиони ноќевања, што е 58 % од пристигнувањата и 68 % од ноќевањата остварени во истиот период во 2019 година.

Во август, во првите седум дена беа реализирани 981.000 пристигнувања и 7,4 милиони ноќевања.

Градот Ровињ е туристички рекордер, не само во однос на оваа сезона, туку резултатите од тој град во Истра во текот на првата недела од август се подобри од рекордната 2019 година.

До средината на јули во Ровињ беа регистрирани еден милион ноќевања, а за неколку дена сеочекува да се реализираат два милиони.