ЕУ ќе испрати помош за справување со пожарите

Европската унија вчера најави дека ќе испрати помош за Грција и за другите земји во регионот погодени од шумски пожари, јави АП.



ЕУ ги опиша пожарите како „без преседан“, додавајќи дека е во редовен контакт со националните власти за да ја следи ситуацијата и правилно да ја распредели помошта на блокот.

Еврокомесарот за управување со кризи Јанез Ленарчиќ изјави дека тековната операција е „една од најголемите заеднички операции за гаснење пожар во Европа“ и дека ЕУ е солидарна со засегнатите земји.

Блокот помогна да се мобилизираат 14 противпожарни авиони, 3 хеликоптери, околу 1.300 спасувачи и 250 возила за да помогнат во гаснењето на разорните пожари.

Покрај во Грција и Италија кои се членки на ЕУ, пожарите беснеат во Македонија, Албанија, Црна Гора и Турција.