Денеска во Токио завршуваат 32. Летни олимписки игри, кои започнаа со свеченото отворање на 23 јули.
Последниот ден од Олимпијадата ќе има маратон, финале на женските ракометни и одбојкарски турнири, финале за кошаркарки и на натпреварите во ватерполо, ритмичка гимнастика и бокс.
По завршувањето на тие натпревари, најавена е спектакуларна церемонија на затворање на досега најмасовните олимписки игри.
Гофинава на ЛОИ во Токио повеќе од 11.000 спортисти од целиот свет се натпреваруваа за медали во различни спортови.







