Вицепремиерот за европски интеграции Никола Димитров јавно им се заблагодари на Австрија, Бугарија, Словенија и Романија за помошта во гасењето на пожарите во Македонија, испуштајќи ја Србија, која прва подаде рака, испраќајќи четири хеликоптери.



„Благодарност до Австрија, Бугарија, Словенија и Романија за брзата мобилизација за помош на Македонија да се справи со разорните пожари и до Европската комисија и Јанез Ленарчич за солидаризирањето со Северна Македонија во време на катастрофа“, објави Димитров на социјалните мрежи, „заборавајќи“ ја Србија.