Не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи по „веста“ дека премиерот Зоран Заев и неколку министри „предвреме го прекинале одморот“ и се вратиле во земјата.
Вчера Владата соопшти дека премиерот Заев користи годишен одмор до 12 август. Во соопштението беше наведено дека и дел од министрите се на одмор.
Премиерот и министерот Филипче го одбележаа враќањето со објавување слики на Фејсбук од нивната посета на Будинарци каде претходните денови се водеше вистинска војна со огнената стихија.
Тие беа цел на критики откако изминативе неколку дена беа на одмор во странство додека земјата, вокоја беше прогласена кризна состојба, се соочи со една од најголемите елементарни непогоди по изминативе децении – пожарите кои и натаму беснеат.
Додека дел од владиниот врв одмараше на непознати локации, во Македонија секојдневно пристигнуваа екипи пожарникари, опрема , возила, авиони… испратени од владите на Србија, Словенија, Бугарија, Австрија, Романија







