Граѓани секојдневно аплицираат, се фотографиират, плаќаат за нови документи, а нови лични карти едноставно нема.
Околу 30 илјади граѓани не можат да добијат нова лична карта, поради собраниските лавиринти во коишто заглави предлогот за етничката графа во документите, објави Дојче веле.
На прашањето во што е проблемот службеници на МВР одговараат „Законот е во Собрание“, објавува ДВ повикувајќи се на изјава од граѓанин.
Според информации ан Дојче веле, од 05 до 31.07.2021 барање за лична карта поднеле 26.314 , додека од 01-06.08.2021 примени се 4.864 барања за лични карти од граѓаните.
ОД МВР велат дека целиот проблем се врти околу Законот за личните карти кој е блокиран во Собрание кој е блокиран со 1.507 амандмани.
„Проблемот со издавањето на новите документи трае веќе подолг период. Најпрво поради пандемијата службите беа затрупани со барања за нови лични карти и пасоши.
На почетокот на летото, МВР го надградуваше системот, по што настана нов застој. Последната блокада започна со имплементацијата на законската обврска за менување на името на државата во документите – во Република Северна Македонија“ потсетува Дојче веле.







