По ГЕРБ на Борисов и „зелените“ против влада на шоуменот Трифонов

Националниот совет на Зеленото движење, кој е дел од коалицијата „Демократска Бугарија“, доцна синоќа одлучи неговите пратеници да не го поддржат предложениот состав и структура на Советот на министри од партијата „Има таков народ“.



Веста за БНР ја потврди Борислав Сандов, ко-претседател на Демократска Бугарија и Зелено движење неколку часови откако претседателот Румен Радев вчера потпиша указ со кој му се предлага на Националното собрание да го избере Пламен Николов, назначен за премиер од партијата на Трифонов.

Лидерот на Има таков народ, Слави Трифонов не е дел од структурите на предложента влада, ниту пак е пратеник, а поранешниот шоумен со јавноста комуницира само преку социјалните мрежи

Се очекува Парламентот да гласа за предложениот нацрт -кабинет следната недела.